Термалните камери во Грција регистрираа температури до 60°C на патиштата и до 75°C на покривите во делови од Атика

Грција

На 20 јули, термалните камери регистрираа површински температури до 60°C на патиштата и до 75°C на покривите во делови од Атика.

Овие температури го најавија првиот врв на топлотнио бран во сезоната во Грција кој се очекува да биде регистриран денеска, на 21 јули. Се очекува температурите да достигнат 42°C во поголемиот дел од земјата, а до 43°C во некои области на Централен Епир.

Интензивната топлина ќе биде придружена со слаб ветер, висока влажност и ограничена циркулација на воздухот, што ќе создаде чувство на уште повисоки температури, особено во урбаните и крајбрежните области. Умерени концентрации на честички се очекуваат и во Западна Грција, објави „Катимерини“.

Се очекува температурите да достигнат 41°C во делови од Македонија, Тракија и Тесалија, додека максимални вредности од 40-41°C се прогнозираат и во Централна Грција. Во Западна Грција, вклучувајќи го и регионот Агринио, температурите би можеле да достигнат 42°C, додека во поголемиот дел од Пелопонез се очекуваат околу 38°C.

Во регионот Атика се предвидува температурите да достигнат 38°C при ведро време, додека во Солун се очекуваат максимуми од 41°C.

Се очекува топлината постепено да се намали од 22 јули во централна и северна Грција, пред да се повлече низ целата земја на 23 јули, кога синоптичарите предвидуваат нагло опаѓање на температурите, како и можност за локално обилни врнежи од дожд и грмотевици.

Агенцијата за цивилна заштита го стави поголемиот дел од земјата под третостепен предупредување за пожар на скала од пет степени.

Најчитано