УХМР за денеска: Пороен дожд, грмежи и засилен ветер наместа до 60 км на час

УХМР

Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има повремени врнежи од дожд и локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер. Наместа ќе има услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

До петок под влијание на серија влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.

Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, повремено нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално во делови од котлината ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Најчитано