Пороен дожд и силен ветер кај Дебар и Струга

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер е регистрирано во делови од западна Македонија, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Невремето е забележано јужно од Дебар и југозападно од Струга. УХМР ги повика граѓаните кои престојуваат или се движат на отворено во овие подрачја да бидат внимателни.

Времето во земјата е променливо облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд, кои наместа може да надминат 15 литри на квадратен метар. Локално се очекуваат поројни врнежи, грмежи и засилен ветер.

Долж Повардарието повремено ќе дува засилен северен ветер со брзина над 50 километри на час. За време на викендот се очекува стабилизирање на времето, а нови врнежи и локална нестабилност се најавени за понеделник.

Најчитано