Видовме и снег во јули – на Шар Планина!

Снег во јули на Шар Планина – глетка што малкумина ја очекуваа среде лето. На 24 јули, на највисоките делови над Попова Шапка, беа забележани снежни врнежи и побелени планински предели.

Фотографии и видеа од необичната појава брзо се проширија на социјалните мрежи. Метеорологот Славчо Попоски објави дека снегот паднал во повисоките делови на Шар Планина, каде температурите нагло се спуштиле по продорот на студен воздух.

Снегот во втората половина на јули е ретка појава, но на високите планински врвови може да се појави кога студена воздушна маса ќе се совпадне со врнежи и силен пад на температурата.

Додека во градовите трае летото, Шар Планина барем накратко доби зимски изглед – и создаде една од најнеобичните временски слики оваа сезона.

Најчитано