Помеѓу традицијата и технологијата

Кога ќе се спомене органско земјоделство, повеќето луѓе замислуваат слика од традиционален фармер, кој целиот ден го минува под сонцето обидувајќи се да ги обработи своите ниви без употреба на хемикалии.

Јане СТАНКОСКИ*

Ако обработувате површина од 5 до 15 хектари, добро ја знаете реалноста, ова е површина која е преголема за да се покрие целосно со агротехника која е наменета за органско производство и без употреба на конвенционални хемиски препарати. Толкава површина истовремено пак бара паметно управување со буџетот за да биде профитабилна.

Во органското земјоделско производство, секоја активност која не е добро планирана и имплементирана може да чини многу.  

Доколку се земи сето ова во предвид паметното и прецизното земјоделство не треба да се гледаат како луксуз туку како многу добра и исплатлива алатка за работа токму за тие фармери.

Како работи прецизното органско земјоделско производство?

При производство на органска храна земјоделеците имаат многу помалку алтернативи за третирање на насадите во споредба со конвенционалниот. Кога немате агресивна хемија како во конвенционалното производство за да спречите брзо ширење на некој плевел или болест на вашите 10 или 15 хектари, мора да реагирате превентивно и со голема прецизност.

За фарми од оваа големина, најдостапните и најкорисните паметни технологии вклучуваат:

Мерење на влажноста, температурата, ризикот од болести или инсекти во реално време, за водата, органските ѓубрива и препарати за заштита да се дозираат капка-по-капка точно таму каде што треба.

Користење на услужно или пак сопствено снимање со дронови заради рано откривање на штетници, плевел или суша на специфични делови од парцелата уште пред да бидат видливи со голо око.

Паметна агро-механизациј со системи за механичко отстранување на плевелот и прецизно прскање со дозволени препарати само на зафатените стебла.

Во услови на скапи ресурси, прецизните системи за наводнување ги намалуваат трошоците за вода, препарати и енергенси за над 30%, што е сериозна заштеда за површина од 100 и повеќе декари.

Дигиталните дневници кои ги генерираат мобилните апликации овозможуваат лесно докажување на органското потекло пред сертификациските куќи и купувачите.

Исто така една многу важна придобивка од паметното земјоделство за средните фарми е претворањето на ризикот во предвидлива математика и намалување на зависноста од работници, затоа што за фармер кој обработува 10 -15 хектари со органско производство, еден од поголемите проблеми е обезбедување на работната сила.

Применливост на паметното органско прозиводство кај нас

Иако на прв поглед изгледа дека Македонија сè уште ја води битката со мали  земјоделски парцели, сепак фармерите со 5 до 15 хектари во Пелагонија, Тиквешијата, Полог и Струмичкиот регион можат да се токму носечката сила на дигитализацијата.

Едно од главните причина за конверзија од конвенционално во органско прпоизводство секако е ценовната разлика. На домашниот и странскиот пазар, органските производи постигнуваат цени кои се за 30% до 100% повисоки во споредба со конвенционалните.

Токму на површини од 5 до 15 хектари, паметното земјоделство прави чуда за профитот,

ги намалува трошоците за производство и фармерот произведува сертифициран органски производ со врвен квалитет и го продава по повисока цена, но со значително пониски производствени трошоци благодарение на новата технологијата.

Заклучок

За македонските фармери кои обработуваат 5 до 15 хектари, паметното органско земјоделство веќе не треба да претставува недостижен инвестициски проект. Тоа треба да се гледа како практична алатка која овозможува од таа површина да се продуцира максимален и стабилен профит.

Со правилен избор на достапна технологија, македонскиот органски фармер може да застане рамо до рамо со европските производители и неговото производство да биде конкурентно и профитабилнона сите пазари!

*М-р Јане Станкоски е експерт за земјоделство

Најчитано