Мал авион се заби во приватна куќа, еден мртов, домаќините не биле дома

авион

Најмалку едно лице загина денес кога мал авион се урна во покривот на куќа во Гандеркезе, во германската покраина Долна Саксонија.

Според полицијата, сè уште не е јасно дали жртвата бил пилотот, објавува „Билд“.

Малиот авион изгубил висина, а неговиот клун ја пробил покривната обвивка на зградата под агол, кабината на авионот била целосно уништена, крилата паднале, а делови биле расфрлани насекаде наоколу.

Службите за итни случаи излегле на местото на несреќата со голем број членови.

Пожарникарите го пребарувале покривот користејќи противпожарни скали, додека полицијата го блокирала подрачјето.

Постојат индикации дека во авионот имало уште едно лице, но таа сè уште не е пронајдена. Спасувачите користат дронови за да се обидат да го лоцираат лицето.

Семејството што живее во куќата каде што паднал авионот не било во зградата во времето на несреќата.

Според достапните информации, авионот полетал од Бремен кратко пред несреќата.

Засега нема информации за причината за несреќата, а истрагата ќе ги утврди сите околности на инцидентот.

Најчитано