ЦУК: Три активни пожари во Македонија селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип

ЦУК

Центарот за управување со кризи (ЦУК) извести дека до 18 часот денеска на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три сè уште се активни, еден е ставен под контрола, а осум се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во атарот на селата Плешинци и Стрмош во Општина Пробиштип, каде што гори ниска вегетација, грмушки и ниска шума, во кумановското село Винце, каде што е зафатена сува трева, како и на потегот од Горно Коњари кон Винце во Општина Петровец, каде што огнот зафатил сува трева, грмушки и шума.

Под контрола е пожарот над депонијата во Росоман, на подрачјето на Општина Кавадарци, каде што горела сува трева.

Во меѓувреме, целосно се изгаснати осум пожари. Тие биле регистрирани меѓу селата Српци и Беранци во Општина Могила, кај Бојаџиина Чешма во Велес, кај „Генц Комерц“ и во селото Делогожда во Општина Струга, во селото Студеничани, во селото Неготино во Општина Врапчиште, кај Споменик-костурница во Куманово и на патниот правец од селото Миравци кон селото Петрово во Општина Гевгелија.

Најчитано