САД ја предупредија Украина да се воздржи од напади врз неруски бродови во Црно Море. Предупредувањето следува по серија напади што ги нарушија нафтените операции поврзани со американскиот енергетски гигант Шеврон.
Според „Волстрит џурнал“, предупредувањето е издадено откако извршниот директор на „Шеврон“, Мајк Ворт, и други лидери во нафтената индустрија, се сретнаа со високи претставници на американската администрација претходно оваа недела.
Тахната има за цел да го заштити својот бизнис во Казахстан, откако украинските сили нападнаа четири танкери во близина на руското црноморско пристаниште Новоросијск, од кои едниот бил ангажиран од „Шеврон“. Американски официјален претставник, цитиран од „Волстрит џурнал“, рече дека по овој разговор, администрацијата на Доналд Трамп официјално ја предупредила Украина дека нападите врз неруски бродови се неприфатливи.
„Американската администрација го смета Конзорциумот за Касписки гасовод за витален канал за транспорт на енергетски ресурси од казахстанско потекло до европските пазари, бидејќи служи како алтернатива на руските енергетски ресурси“, рече функционерот.
Руското пристаниште Новоросијск е клучен центар за извоз на нафта
Руското пристаниште Новоросијск служи како клучен центар за извоз на нафта и е терминал на Каспискиот гасовод, мрежа која сочинува приближно два проценти од дневното снабдување со нафта во светот. „Шеврон“ поседува 15 проценти од акциите во Каспискиот гасовод, кој транспортира нафта од трите најголеми полиња преку Казахстан и Русија до Црното Море. Американската компанија поседува и 50 проценти од полето Тенгиз, што претставува околу 12 проценти од глобалното производство на сурова нафта на „Шеврон“.
Иако гасоводот и нафтените полиња се физички здрави, неодамнешните напади со беспилотни летала го ограничија капацитетот за товарење сурова нафта на терминалот во Новоросијск, по што Казахстан мораше да се вклучи во снабдувањето со нафта поради ограничениот капацитет за складирање. Континуираното намалување на испораките преку Каспискиот гасовод значително би ги оптоварило регионалните инвестиции на компанијата „Шеврон“, кои изнесуваат десетици милијарди долари.
