Динамо Киев побара од УЕФА да истражи наводен инцидент со истакнување руско знаме за време на првиот натпревар од второто квалификациско коло на Лигата на Европа против грчкиот ПАОК во Лублин, Полска, пишува Катимерини.
Во соопштение објавено на својата официјална веб-страница, украинскиот клуб соопшти дека на трибините било истакнато руско знаме, што предизвикало силна реакција од неговите играчи, тренерскиот персонал и клупските службеници.
Динамо изјави дека руското знаме е симбол поврзан со инвазијата на Москва во Украина, во која украински војници и цивили продолжуваат да бидат убиени, и го опиша неговото прикажување како намерна провокација.
Клубот ги повика дисциплинските тела на УЕФА да го испитаат инцидентот и да преземат соодветни мерки. Забележа дека руските клубови се суспендирани од натпреварувањата на УЕФА од почетокот на војната и рече дека се надева дека управното тело на европскиот фудбал ќе покаже иста решителност во решавањето на ваквите инциденти на трибините.
УЕФА сè уште не го коментирала барањето.
Фидбалскиот клуб ПАОК од Солун од 2012 година е во сосптвеност на руско-грчки бизнисмен Иван Савидис. Тој е еден од најбогатите луѓе во Русија („руски олигарх“) и беше член на рускиот парламент, тесно поврзан со претседателот Владимир Путин. Според Форбс, неговото богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.
