Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Маричиќ: Не може да велиме дека сме за ЕУ, а да не носиме одлуки за тоа

Ние треба да сфатиме дека не е возможно да притискаме на кочница и гас во исто време. Не може да велиме дека сме за ЕУ, а да не ги носиме одлуките кои не носат таму. Колегите од опозицијата мора тоа да го прифатат и да изберат. Оваа година е клучна за расчистување на овие дилеми, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во „Аргумент плус“ на ТВ24.

Тој додаде дека не е возможно, искрено и чесно да се тврди дека сте за членство во ЕУ, но под наши услови бидејќи ниту една држава не влегла под свои услови.

Имаме договор кој ни гарантира брз почеток на наредната фаза од преговорите, што потоа ќе покаже дека во однос на многу прашања сме понапред дури и од држави кои преговараат 10 години, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот нагласи дека парламентарните избори немаат никаква врска со уставните измени и дека „двотретинското мнозинство е потребно за државата да оди напред, а не за Владата“.

Зачлени се на нашиот е-билтен