Тежок пат ѝ претстои на тетовска Шкендија, единствениот македонски претставник во европските натпреварувања, ако сака да го повтори минатогодишпиот успех, кога играше во групната фаза на конференциската лига.
Денеска, Шкендија го дозна можниот противник во последната квалификациска фаза, отако прво ѝ претстои двомечот со шкотскиот тим на Хибернијан.
Доколку успеат да го минат Хиберниан, тогаш тетовци ќе се сретнат со подобриот од Гетеборг од Шведска и белгиски Гент.
Плеј-оф натпреварите за пласман во групната фаза на Конференциската лига ќе се играат на 20 и 27 август.
Сепак Шкендија прво ја очекува сериозен предизвик против Хибернијан, во битката за место во последната квалификациска рунда. Првиот натпревар во Шкотска ќе се игра 6 август (четврток), а реваншот во Скопје е на 13 август (четврток). Во меѓувреме, на 9 август (недела)
