Седум нови случаи на западнонилска треска, вкупно 20 заболени

Министерството за здравство информира дека во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV).

Сите новооткриени случаи се од Скопје, по два има во општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден во Илинден, Бутел и Аеродром.

Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. 

Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања. Останатите пациенти се во стабилна состојба и добиваат соодветен третман.

Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ѝ верувате на водата од вашиот водовод?