Што го тера Изет Меџити да каже: доста веќе со знамето, доста со јазикот, доста со застапеноста, прашуваат од ДУИ во нивното последно соопштение.
„Ова е човекот кој ја предаде раката што го хранеше и раката што политички го издигна. Еден по еден ги предаде и своите најблиски соработници, луѓето кои работеа со него, кои му веруваа и кои стоеја покрај него.
Денес го предава и националниот интерес на Албанците.
Затоа, Албанците имаат право да прашаат: што го држи Изет Меџити во заложништво?
Дали се тоа бројните досиеја за кои со години се зборува дека стојат во фиоките на обвинителството? Или станува збор за нешто друго? Што е тоа што го тера молчешкум да го прифаќа секој удар врз албанскиот јазик, знамето, застапеноста и положбата на Албанците, а потоа да им порачува и на Албанците дека треба да молчат?“ прашуваат од ДУИ.
Ова, додаваат од Мала Речица, мора да се расчисти.
„Затоа што евентуалната заробеност на еден политичар е проблем на тој политичар. Но, кога поради заробеноста на еден човек се држат во заложништво политичкото претставување и судбината на цел еден народ, тогаш имаме многу поголем проблем.
Судбината на Албанците не може да биде заложник на стравот, досиејата или личните интереси на Изет Меџити“се наведува во соопштението на ДУИ.
