Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Тренчевска: Работниците се наш приоритет, ги зголемуваме платите и подобруваме условите за работа

„Изминатата 2022 година ја започнавме со имплементација на новото законско решение недела неработен ден. Тие кои поради природата на работата, работеа и во недела добиваа за 50 отсто повисока дневница во производството и 100 отсто повисока дневница во трговијата“, посочи министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, на конференцијата „Година на нови можности“.

Таа додаде дека овој закон наишол на позитивни реакции кај работници и додаде дека освен подобрување на условите, Владата изминатата година работеше и на подобрување на платите на работниците.

Ги донесовме измените на Законот за минимална плата со што ја покачивме на 18 илјади денари, илли двојно повеќе од 2016 година. Воспоставивме систем што ќе значи постојан раст на минималната плата и таа нема веќе да зависи од политичката волја на Владата или министерот, рече Тренчевска.

Министерката рече дека со новиот систем во март се очекува ново зголемување на минималната плата за над 2000 денари со што таа ќе изнесува над 20 илјади денари.

Зачлени се на нашиот е-билтен