Меѓународна полициска акција во Македонија, Косово и Грција – запленети над 300 кг марихуана

Голема меѓународна полициска операција, спроведена е денеска координирано на територијата на повеќе држави, меѓу кои и Грција, Македонија и Косово, со која е сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици.

Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана.

Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се спроведуваат под водство на надлежните обвинители од Македонија, Косово и Грција.

Во текот на истрагата биле следени активностите на криминалната група, по што биле преземени координирани полициски дејствија за нејзино сузбивање. Досега се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од групата, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија.

Полициската операција сè уште трае. Истражни дејствија продолжуваат во текот на денот во Македонија и Косово, како и во наредниот период, со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на осомничените и откривање на сите околности поврзани со функционирањето на криминалната мрежа.

Повеќе детали се очекуваат откако целата координирана акција ќе заврши.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали Владата треба да се извини за грешката со знамето во настанот за 35 г. независност?