Шест активни пожари утрово во Македонија

Центарот за управување со кризи инфомира дека утрово до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 29 пожари на отворен простор.

Од нив, активни се шест, под контрола е еден пожар, додека 22 пожари се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Студеничани: с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер (мешана шума).
Општина Македонски Брод: м.в. Видуш, кај с. Драгов Дол и кај с. Локвица (ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки).

Понатаму, во Општините Велес и Зелениково: с. С’лп, м.в. Горно Село, општина Велес, проширен кон селата Добрино и Тисовица, општина Зелениково (ниска вегетација, шума од даб и габер и квалитетна дабова шума). Општини Јегуновце и Сарај: с. Копанце и с. Туденце, општина Јегуновце, проширен кон с. Бојане, општина Сарај (мешана шума). Општина Крушево: с. Борино – с. Житоше (ниска вегетација и деградирана дабова шума) и Општина Крива Паланка: с. Конопница (бор, ниска вегетација и грмушки).

Пожар под контрола е пожарот во Општина Крушево меѓу селата Алданци и Норово каде гори ниска вегетација и нискостеблеста деградирана дабова шума.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?