Уапсени 16 возачи за безобѕирно управување со возило, 10 возеле под дејство на алкохол

Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило, соопшти МВР.

Од нив, 10 управувале возило под дејство на алкохол.

Возачи од Тетово, Кочани, Кичево, Прилеп и Португалија биле запрени и при извршениот алкотест кај нив било констатирано присуство на алкохол. Возач од Турција, кај кого биле измерени 1,98 промили алкохол во крвта, предизвикал сообраќајна незгода, при што удрил во паркирано патничко возило. Во друг случај, возач од Делчево удрил во жардинјера, а при алкотестирањето кај него биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

Шест лица управувале возило без возачка дозвола. Возачи од Скопје, Тетово и Свети Николе управувале патнички возила без да поседуваат возачка дозвола, додека две малолетни лица управувале мотоцикли без возачка дозвола.

По целосното документирање на случаите, против сите лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол, да не управуваат возило без положен возачки испит и да ги почитуваат изречените забрани за управување со моторно возило.“ наведуваат од МВР.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?