Уапсени 11 возачи низ Македонија, меѓу нив и еден малолетник

МВР информира дека во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата, полициските службеници уапсиле 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“.

Од уапсените, осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник, додека, тројца возачи управувале возило под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави, додаваат од МВР.

„Апелираме до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување со возило. Со одговорно однесување сите заеднички придонесуваме за поголема безбедност во сообраќајот“ велат од МВР.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?