На Клиниката за инфективни болести, починал уште еден пациент кој бил хоспитализиран поради заболување од Западнонилска треска.
Со тоа. бројот на смрти случаи од оваа болест во Македонија се зголеми на четири.
Како што посочи директорот на клиниката, Фадил Цана, починатиот бил на возраст од 76 години и се лекувал 27 дена на Клиниката, но поради дополнителните придружни сериозни заболувања и тешката невроинвазивна форма на мозокот и мозочната обвивка во доцните попладневни часови настапи летален исход.
„Хоспитализирани се 20 пациенти со западнонилска треска од кои 18 се лабораториски потврдени случаи, додека два случаја се водат клинички како суспектни. На интензивна нега се пет пациенти со потешка клиничка слика и кај нив се одвива лекувањето според сите клинички протоколи“ изјави Цана.
Вкупно четири лица починаа од западнонилска треска во земјава, а 15 се излекувани и се отпуштени од Клиниката за инфективни болести.
