Астон Вила донесе две големи засилувања: Сузуки и Руџери на „Вила Парк“

Астон Вила официјално ги потврди трансферите на јапонскиот голман Зајон Сузуки од Парма и италијанскиот лев бек Матео Руџери од Атлетико Мадрид, продолжувајќи со сериозното засилување на тимот пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

Сузуки има 23 години и во изминатите две сезони запиша 59 настапи за Парма. За репрезентацијата на Јапонија има 22 настапи, а беше дел и од Светското првенство годинава. Неговото доаѓање дополнително ја отвори неизвесноста околу иднината на аргентинскиот голман Емилијано Мартинез.

Според медиумските информации, Астон Вила за Сузуки ќе плати околу 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони преку бонуси. Претходно јапонскиот репрезентативец беше блиску до трансфер во Пари Сен Жермен.

Руџери, пак, пристигнува по само една сезона во Атлетико Мадрид. Италијанскиот дефанзивец одигра 47 натпревари за шпанскиот клуб и запиша седум асистенции. Атлетико официјално потврди дека е постигнат договор за негов трансфер во Астон Вила.

Астон Вила новата сезона во Премиер лигата ја почнува в недела на гостувањето кај Брајтон

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?