Магаре влетело во комбе во Германија и повреди тројца луѓе

Несекојдневен инцидент се случил во германското место Холсел, во близина на Куксхавен, откако магаре кое слободно трчало по патот станало агресивно и скокнало во комбе. Во обид да го совладаат животното, биле повредени тројца луѓе, а една жена завршила во болница. 

Случката започнала кога минувачи забележале магаре по име Фреди и коњ како трчаат по кружен тек. Возачи запреле за да помогнат животните да бидат тргнати од патот и да не предизвикаат сообраќајна несреќа.

Но, обидот за спасување брзо се претворил во хаос. Магарето станало агресивно и ненадејно скокнало во комбето, каде што почнало да ги удира и гризе луѓето. 

Во инцидентот била повредена и 33 годишна жена која се обидела да помогне при совладувањето на животното. Таа морала да биде пренесена во болница, додека двајцата возачи се здобиле со полесни повреди. 

Ситуацијата завршила кога пристигнал сопственикот на магарето и успеал да го стави под контрола.

Полицијата соопштила дека засега не е познато зошто животното реагирало толку агресивно. Случајот останал без потешки последици, но необичната сцена предизвикала големо внимание кај присутните.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?