До крајот на 2026 година во Македонија остануваат уште четири неработни дена за сите граѓани. Календарот носи два сигурни продолжени викенда, а со внимателно користење само на неколку дена од годишниот одмор може да се добијат и две четиридневни паузи.
Првиот неработен ден доаѓа веќе во вторник, на 8 септември, кога се одбележува Денот на независноста. За оние што можат да го спојат празникот со слободен понеделник, 7 септември, се отвора можност за четири последователни слободни дена, од сабота до вторник.
ВО ОКТОМВРИ ИМАМЕ ДВА ПРОДОЛЖЕНИ ВИКЕНДИ
Следниот празник е 11 Октомври, Денот на народното востание. Во 2026 година тој паѓа во недела, поради што понеделник, 12 октомври, е неработен ден за сите граѓани.
Тоа автоматски создава продолжен викенд од три дена. сабота, недела и понеделник. Со користење еден ден од годишниот одмор во петок, 9 октомври, или во вторник, 13 октомври, паузата може да се продолжи на четири дена.
Само единаесет дена подоцна следува нова можност за мини-одмор. На 23 октомври, во петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба.
Бидејќи празникот паѓа непосредно пред викендот, граѓаните добиваат три последователни слободни дена без да користат годишен одмор. Со дополнителен слободен четврток или понеделник, паузата може да се продолжи на четири дена.
Последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември, „Св. Климент Охридски“. Празникот паѓа во вторник.
Со користење само еден ден од годишниот одмор во понеделник, 7 декември, може да се добијат четири последователни слободни дена, од сабота до вторник.
Покрај овие четири датуми, до крајот на годината има и дополнителни неработни денови што важат само за припадници на одредени верски и етнички заедници.
За припадниците на еврејската заедница неработен е 21 септември, а за припадниците на бошњачката заедница, 28 септември. За католичките верници неработни се 1 ноември и 25 декември. За припадниците на албанската заедница неработен е 22 ноември, додека за припадниците на турската заедница неработен е 21 декември.

