СДСМ: Мицкоски се прогласи за елита со часовници од 60.000 евра

ФОТО: Призма.мк

СДСМ денеска преку соопштение упати нови критики кон премиерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи го дека се претставува како дел од „македонската елита“, додека граѓаните се соочуваат со високи трошоци за живот и стагнација на платите.

„Со часовници од 60 илјади евра, со одела ‘Зења’ и ‘Бриони’ од по 5 илјади евра, со бизниси… арамијата Мицкоски се прогласи за македонска елита“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата тврдат дека додека дел од власта, како што велат, живее во луксуз, граѓаните се соочуваат со растечки трошоци и со минимална плата која, според нив, е меѓу најниските во Европа.

СДСМ реагира и на изјавите на Мицкоски во кои, според партијата, граѓаните биле наречени „талог“.

„Граѓаните не се талог. Граѓаните се сопственици на оваа држава“, порачаа од СДСМ.

Од опозициската партија повторно побараа одговорност за, како што наведуваат, криминал и злоупотреби и порачаа дека „оваа елита ќе одговара“.

„Еден побегна. Овие нема да побегнат“, стои во партиското соопштение.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?