Огнен хаос во Шуто Оризари, изгореа над 20 дуќани

Повеќе од 20 дуќани со текстилна и друга стока изгореа во голем пожар што ноќеска избувна во трговски центар во Шуто Оризари. Повредени нема, а полицијата утврдува како настанал пожарот.

Според МВР, пожарот бил пријавен околу 3:20 часот. Опожарените дуќани биле во сопственост на едно лице, кое ги издавало под закуп.

Огнот го гаснеле екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, кои успеале целосно да го локализираат и изгаснат пожарот.

Од МВР потврдија дека нема повредени лица. Материјалната штета е голема, а точниот обем ќе се утврдува дополнително.

На местото треба да биде извршен увид, по што ќе се утврдува и причината за пожарот. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?