СДСМ го кандидира Јовица Радески за градоначалник на Брвеница

Опозициската СДСМ денеска го објави својот кандидат за вонредните избори за градоначалник на општина Брвеница.

СДСМ на изборите ќе настапи со Јовица Радески кој доаѓа од приватниот сектор, каде работи како ветеринар, а исто така е и актуелен советник во Советот на општината.

„Чесен и вреден човек, кој секојдневно е меѓу граѓаните, во секое село и во секој дом во општина Брвеница. Како актуелен советник и носител на советничката листа на СДСМ, одблиску ги познава проблемите и потребите на граѓаните. Подготвен е со конкретни решенија, за промени на подобро, за сите граѓани на општина Брвеница“ велат од СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе огрее ли сонцето во Македонија после 35 години независност?