СДСМ: Мицкоски зборува за 200.000 посетители, Гета објави 50.000

СДСМ

СДСМ го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека ја преувеличува бројката на посетители на прославата во Скопје, посочувајќи дека диџејот Дејвид Гета објавил дека на неговиот настап имало околу 50.000 луѓе, додека Мицкоски зборувал за повеќе од 200.000 граѓани.

„Гета објави 50.000 фанови на шоуто во Скопје. Мицкоски го зеде тоа и го надува на над 200.000 граѓани. Четири пати. Како пензиите. Како економијата. Како сè што излезе од неговата уста“, наведуваат од СДСМ.

Од партијата го оспоруваат и тврдењето дека прославата не чинела пари од буџетот, наведувајќи дека вкупната сметка изнесувала 5,53 милиони евра и дека средствата биле обезбедени преку Државната лотарија.

„Нула денари е лага. Пари од компании е лага. Општествено одговорна фирма е маска“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од опозициската партија тврдат дека парите биле потрошени за организацијата на настанот, сцената, настапот на Дејвид Гета и други трошоци поврзани со прославата.

СДСМ ја критикува и најавата вакви настани да се организираат секоја година, оценувајќи дека тоа би значело повторување на истиот модел на трошење.

Во реакцијата, партијата повторно го обвинува Мицкоски дека „ги надувува“ бројките и во други области, меѓу кои економијата, пензиите, туризмот, платите и авиосообраќајот.

„Гета напиша 50.000, а Мицкоски напиша 200.000. Тоа е неговата бајка. Тоа е неговата статистика, како и економија“, наведуваат од СДСМ.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?