ЦУК: 11 пожари за едно деноноќие, пожарот кај Белица е под контрола

Во изминатото деноноќие во Македонија биле регистрирани вкупно 11 пожари на отворен простор. Според последните информации на Центарот за управување со кризи, десет се изгаснати, а пожарот кај селото Белица во Општина Македонски Брод е ставен под контрола.

Пожарот е лоциран кај местото Кајорец, каде што гори нискостеблеста и мешана шума. Станува збор за пожар кој е активен веќе неколку дена, а во неговото гаснење беа вклучени повеќе екипи од надлежните служби.

Во текот на деноноќието биле изгаснати пожари во Радуша во Општина Сарај, Конско во Општина Гевгелија, како и два пожара на територијата на Струга, во Татеши и Велешта.

Изгаснати се и пожарите во Ораовец кај Велес, Требош во Општина Желино, Туин и Зајас во Општина Кичево, како и на потегот меѓу Долно Српци и Беранци во Општина Могила.

Последниот од изгаснатите пожари бил регистриран во селото Болно во Општина Ресен, каде што горело ѓубре. Во најголем дел од останатите случаи била зафатена ниска вегетација и стрништа.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?