(ВИДЕО) Ајварот е највкусен кога баба ќе ја каже тајната

Секоја куќа има свој рецепт за ајвар, ама најдобрите трикови ретко се запишани. Најчесто се пренесуваат од баба на мајка, од мајка на ќерка – покрај тава што крчка и куп печени пиперки што чекаат да се излупат.

Токму таква приказна сподели инстаграм профилот на MartinasCooking, која годинава реши да ги собере деветте тајни за домашен ајвар што ги научила од својата баба.

„Среќна сум што сè уште ги имам мајка ми и баба ми до мене. На секоја година тие се задолжени за подготовката на зимницата“, напиша таа, додавајќи дека овојпат решила детално да ја „испраша“ баба си за сите мали трикови што прават разлика.

Кај ајварот токму тие ситници често се најважни – колку добро се исцедени пиперките, кога се додава маслото, колку долго се меша и кога смесата е навистина готова.

А додека трае целиот ритуал со печење, лупење и мешање, Wolt се појавува како практичниот дел од приказната – ручекот може да стигне до врата додека дома се подготвува зимницата.

Мартина ја врзува приказната со една од наједноставните комбинации што тешко се надминуваат во ова време од годината – топло лепче и свеж, домашен ајвар директно од тавата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?