Бугарите во Уставот не се проблем: Што кажа заменик-министерот за надворешни на Македонија во Софија?

Бугарите во Уставот не се проблем, изјави заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на 18 септември на форумот „ЕУ се среќава со Балканот“ во Софија, но нагласи дека напредокот бара заемност и почитување на правата на Македонците во Бугарија.

„Прашањето за вклучување на Бугарите во нашиот Устав никогаш не било проблем“, рече Димитровски, додавајќи дека немало спротивставување на почитувањето на правата на бугарската заедница во Македонија.

Димитровски побара потег и од бугарската страна, односно почитување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур што се однесуваат на регистрацијата на здруженијата на Македонците во Бугарија. Според него, добрососедските односи не можат да се градат еднострано, туку мора да почиваат врз заемно почитување на правата.

Тој оцени дека дијалогот меѓу Скопје и Софија треба да продолжи во рамките на европските стандарди. Вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав го поврза и со Акцискиот план за правата на малцинствата, но истовремено укажа дека и Бугарија треба да ги исполнува обврските што произлегуваат од меѓународните пресуди.

Изјавата ја пренесоа повеќе македонски медиуми, додека бугарскиот портал „Актуално“ објави дека Димитровски во Софија рекол оти нема проблем со внесувањето на Бугарите во Уставот. Бугарскиот медиум, сепак, информацијата ја презеде од македонски извор, па не станува збор за независна потврда од бугарска редакција присутна на настанот.

На претходното издание на истиот форум во 2025 година тој изјави дека проблемот не е присуството на Бугарите во Уставот, туку опасноста историските и идентитетските прашања да го претворат македонското пристапување во Европската Унија во постојано условуван билатерален процес.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?