Силен земјотрес ја погоди Турција

Земјотрес

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ја погоди денеска, 24 септември, областа Шанлиурфа во југоисточна Турција. Според турската агенција за управување со катастрофи АФАД, епицентарот бил во округот Караќопру, а потресот се случил во 10:40 часот по локално време, на длабочина од седум километри.

Потресот бил почувствуван и во околните области. Гувернерот на Шанлиурфа, Хасан Шилдак, соопштил дека при првичните проверки нема потврдени загинати, повредени или урнати објекти. Проверките на терен продолжуваат. Поради земјотресот, наставата во училиштата и работата на градинките во покраината се прекинати за денеска.

Во првичните медиумски извештаи јачината беше наведена како 5,5 степени, но во објавените податоци на АФАД земјотресот е регистриран со магнитуда од 5,4. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) го оценува на 5,3 степени.



Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?