Силна експлозија утрово предизвика делумно уривање на стара куќа во центарот на Атина. Еден минувач е полесно повреден, а пожарникарите извлекле две жени од соседен објект.
Експлозијата се случила нешто по 7:30 часот на улицата „Лисикратус“, во населбата Плака, во близина на авенијата „Василисис Амалиас“ и спроти храмот на Олимписки Зевс.
Од силината на експлозијата биле оштетени и околните објекти, продавници и паркирани автомобили. По експлозијата избувнал и помал пожар.
На терен биле испратени 20 пожарникари со шест противпожарни возила и две специјални спасувачки возила на ЕМАК. Полицијата го блокирала поширокиот простор додека траат истрагата и проверките на стабилноста на околните згради.
Полесно повредениот минувач се здобил со повреди од парчиња што се разлетале по експлозијата. Двете жени извлечени од соседниот објект биле пренесени во болница за медицинска помош.
Причината за експлозијата засега не е официјално утврдена. Грчките медиуми, повикувајќи се на првичните информации, наведуваат дека се испитува можноста за истекување природен гас, но истрагата сè уште е во тек

