Жена загина во експлозијата во центарот на Атина, уште се трага по четворица туристи

Едно лице загина, а пет други сè уште се водат како исчезнати откако експлозија уништи зграда во историскиот центар на Атина. Несреќата се случи вчера во населбата Плака, во близина на Акропол, јавува Би-Би-Си.

Според локалните медиуми, во срушената зграда имало станови за изнајмување од туристи. Според неофицијални информации, меѓу исчезнатите се четворица американски туристи, еден британски и еден грчки државјанин. Властите сè уште официјално не ја потврдиле оваа информација.

Спасувачките екипи утрово пронајдоа тело на жена во урнатините, а потрагата по другите продолжува. Багери и термовизиски камери се користат за потрага по преживеани.

Трокатната зграда се урна целосно од силата на ударот. Експлозијата ги оштети и соседните згради, а остатоци беа расфрлани по улицата. Местото на несреќата се наоѓа во мала улица помеѓу Акропол и Храмот на Олимпиј Зевс.

Ројтерс објави дека локалната полиција потврдила дека туристите се водат како исчезнати откако не се појавиле на својот лет на аеродромот во Атина.

Како можна причина за експлозијата се наведува истекување на гас.

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Што ќе ни донесе вештачката интелигенција во следните пет години?