Мицкоски уште еднаш потфрли со историјата, пренесувањето на коските на Самоил го поврза со Бледскиот договор

Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски уште еднаш покажа дека има проблеми со историјата. Денешното пренесување на коските на цар Самуил од Грција во Бугарија, Мицкоски го стави во контекст договорот со Георги Димитров, некогашниот претседател на Бугарија од 1947 година.

Мицкоски го поврза пренесувањето на коските на Гоце Делчев со Бледскиот договор после што посмртните останки на Делчев беа предадени и пренесени во Скопје во октомври 1946 година, една година пред потпишувањето на Бледскиот договор меѓу Димитров и Тито.

Останува нејасно што сакаше да постигне Мицкоски кога денешното пренесување на посмртните останки на Цар Самоил од Грција во Бугарија нема ниакви допирни точки со Бледскиот договор, ниту со Цар Самоил.

На прашањето дали пренесувањето на смртните останки може да има влијание врз односите на Република Северна Македонија со Грција и Бугарија, Мицкоски рече дека темата треба да се разгледува во контекст на Бледскиот договор. Според него, „договорот е постигнат веднаш по капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна“.

Мицкоски ги дефинираше дејствијата на Бугарија на територијата на денешна Република Северна Македонија за време на војната како окупација.

„Ова го коментирам во врска со Бледскиот договор, кој беше постигнат веднаш по капитулацијата на фашистичка Бугарија, која, би рекол, ја окупираше територијата на денешна Македонија за време на Втората светска војна“, рече Мицкоски. Според него, пренесувањето на моштите во Делчев било „поврзано со македонскиот национален идентитет“.

„И ова е нешто на што ние, како Македонци, треба да бидеме горди, бидејќи му го должиме тоа на овој голем човек, кој во своето време бил пред своето време, симболизирал многу за македонскиот идентитет“, подвлече тој и изрази „жалење што денес малкумина зборуваат за Бледскиот договор и договорите постигнати по него“.

Во февруари 2019 година, заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Република Северна Македонија постигна договор за оддавање почит на цар Самоил како значајна личност од заедничката историја на двете земји.

Во официјалниот протокол за работата на комисијата е напишано дека цар Самоил е владетел на голема средновековна држава, која главниот дел од современата историска наука ја идентификува како Бугарско Царство, со центар на територијата на денешна Република Северна Македонија.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?