Шест пожари горат низ Македонија: огнот зафати шуми кај Чашка, Липково, Прилеп, Ресен, Тетово и Дебар

пожари

До 18 часот денеска во Македонија се регистрирани 28 пожари на отворен простор, од кои шест сè уште се активни, два се ставени под контрола, а 20 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Најсериозна е состојбата на шест локации, каде што пожарите и натаму се активни.

Во општина Чашка, огнот е во атарот на селото Јаболчиште, на местото „Биков Гроб“, каде што гори букова и дабова шума, кривуљ и ниска вегетација.

Активен пожар има и во општина Липково, кај селото Стрима, на местото „Гури Куќ“, каде што се зафатени борова шума и ниска вегетација.

Во општина Прилеп гори мешана шума кај селото Дрен, додека во општина Ресен пожарот е активен кај автокампот Крани, каде што гори ниска вегетација.

На Шар Планина, во општина Тетово, активен е пожар кај селото Селце, каде што е зафатена мешана шума.

Шестиот активен пожар е во општина Дебар, кај селото Горно Косоврасти, на местата „Крушно и Вложно“, каде што гори шума.

Два пожари се под контрола

ЦУК информира дека два пожари се ставени под контрола.

Во општина Студеничани, пожарот меѓу селата Драчевица и Цветово, на местото „Калдиред“, зафатил ниска вегетација.

Под контрола е и пожарот на депонијата Краста во Куманово.

Во текот на денот се изгаснати уште 20 пожари на отворен простор. Меѓу нив има пожари во скопските општини Гази Баба и Бутел, во Студеничани, Дебар, Дебарца, Новаци, Битола, Тетово, Јегуновце, Теарце, Желино, Неготино, Струмица и Босилово.

Дел од изгаснатите пожари зафатиле ниска вегетација, грмушки и стрништа, но биле регистрирани и пожари на депонии, како и во шумски и пасишни предели.

Според попладневниот извештај на ЦУК, најголемото внимание останува насочено кон шесте активни пожари, особено оние што зафатиле шумска вегетација во повеќе делови од земјата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?