Студентското движење на Србија ги повика граѓаните повторно да го наполнат плоштадот Славија во Белград вечерва, 26 октомври, за да ја прослават историската победа на Студентската листа на предвремените парламентарни избори и поразот на Александар Вучиќ.
Собирот е закажан за 19 часот по локално време, рекоа студентите кои учествуваа во речиси двегодишните универзитетски блокади и масовните граѓански протести.
„Нека пее овој плоштад Славија, нека се игра оро! Се гледаме вечерва“, повикаа студентите на своите официјални профили на социјалните мрежи.
Новиот апел доаѓа по бурните прослави во српскиот главен град во изборната ноќ на 25 октомври, кога илјадници граѓани излегоа на улиците откако Вучиќ го призна поразот од владејачката коалиција.
Синоќа, плоштадот Славија стана еден од центрите на прославите. Илјадници луѓе, претежно млади и студенти, ги исполнија централните улици на Белград, мавтајќи со српски знамиња, пеејќи и слвејќи го изборниот резултат.
