Трагедија во Шпанија: Најмалку 39 загинати во судир на два брзи воза

Најмалку 39 лица загинале во тешка железничка несреќа во Шпанија, откако два брзи патнички воза се судриле во близина на Толедо, јавува британскиот „Индипендент“. Шпанските медиуми објавуваат различни податоци за бројот на жртвите, а спасувачките екипи продолжуваат со интервенцијата. Се стравува дека конечниот биланс може да биде уште поголем.

Несреќата се случила утрово, 28 октомври, околу 8:54 часот, меѓу местата Лос Јебенес и Урда, на брзата железничка линија што го поврзува Мадрид со јужниот дел на Шпанија.

Според шпанскиот весник „Ел Паис“, брз воз АВЕ на државниот оператор „Ренфе“ удрил во воз на приватната компанија „Ирио“, кој бил запрен на пругата.

Од силината на ударот, повеќе вагони излетале од шините, а два паднале по насипот покрај железничката пруга.

На местото на несреќата веднаш биле испратени противпожарни екипи, медицински тимови, три хеликоптери и мобилни единици за интензивна нега. Во спасувачката операција се вклучени и екипи за цивилна заштита.

Градоначалникот на Урда, Мануел Галан, потврдил дека има повредени и дека службите за итна помош побарале да се подготви локалната спортска сала за згрижување на патниците.

Информациите за бројот на загинатите сè уште се разликуваат. Додека „Индипендент“ јавува за најмалку 39 жртви, „Ел Паис“, повикувајќи се на владини извори, претходно објави дека се потврдени најмалку 10 загинати. Дел од шпанските медиуми пренесуваат и повисоки бројки, но конечниот биланс сè уште не е утврден.

Причините за несреќата се предмет на истрага. Според „Ел Паис“, се разгледува и можноста за човечка грешка во железничкиот контролен центар во Аточа, Мадрид, но засега нема официјален заклучок за тоа што го предизвикало судирот.

Шпанскиот управувач со железничката инфраструктура „Адиф“ го прекина сообраќајот на брзата железничка линија меѓу Мадрид и Андалузија до понатамошно известување.

Новата несреќа се случува девет месеци по железничката трагедија кај Адамус, во јануари годинава, кога загинаа десетици патници.

Спасувачките служби продолжуваат со интервенцијата, додека надлежните власти го утврдуваат бројот на жртвите и причините за судирот.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?