Индустријата губи работна сила, рударството и текстилот со најголем пад

Бројот на работниците во индустријата во септември 2026 година бележи пад од 2,9 отсто на годишно ниво, под влијание на силно намалување во секторите рударство и производство на облека, соопшти Државниот завод за статистика.

Најголемо годишно намалување на вработеноста бележи секторот Рударство и вадење на камен, каде што бројот на вработените паднал за 7,6 отсто. Во Преработувачката индустрија намалувањето изнесува 2,9 отсто, додека раст од 1,5 отсто е забележан единствено во Снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација.

Според главните индустриски групи, најголемо намалување на работниците има кај нетрајните производи за широка потрошувачка со 4,5 отсто. Капиталните и интермедијарните производи бележат идентичен пад од по 2,7 отсто. Намалување на ангажираната работна сила е регистрирано и кај трајните производи за широка потрошувачка за 1,7 отсто, како и во групата Енергија за 1,6 отсто.

Поодделните статистички податоци за преработувачкиот сектор покажуваат остар пад во трудоинтензивните гранки. Производството на облека во септември забележа намалување на работниците за 11,3 отсто, а производството на кожа за 7,4 отсто во однос на истиот месец лани. Раст на работната сила има во секторот за производство на компјутерски, електронски и оптички производи од 10,8 отсто, како и кај производството на пијалаци од 1,3 отсто и храна од 0,6 отсто.

Во првите девет месеци од годинава, од јануари до септември 2026 година, вкупниот број на работници во индустријата бележи пад од 2,8 отсто во споредба со истиот период од 2025 година.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?