Битолскиот театар слави 82 години со „Татко“ и Шекспир

Битолскиот театар го отвора славеничкиот ноември со премиерните изведби на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, најавени за 10 и 11 ноември. На 14 ноември, кога институцијата одбележува 82 години постоење, ќе почне и 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој ќе трае до 22 ноември.

„Татко“ ја внесува публиката во семејство во кое блискоста постепено ја потиснуваат недовербата и борбата за надмоќ. Претставата ги отвора прашањата за партнерските односи, родителството и ранливоста на човекот кој го губи чувството на сигурност во сопствениот дом. Со премиерата се заокружува општинската програма посветена на 4 Ноември, Денот на ослободувањето на Битола.

Мицевски, кој ги потпишува и сценографијата и костимографијата, на прес-конференцијата посочил дека екипата работела речиси три месеци, со паузи поради фестивалските гостувања на театарот.

„Темите што ги обработува ме засегнаа лично од повеќе аспекти“, истакнал режисерот, издвојувајќи ја и можноста конечно да соработува со Петар Горко во претстава во која актерот ја носи главната улога.

Покрај Горко, во актерската екипа се Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски и Соња Михајлова. Музиката е на Марјан Нечак, а асистент на режија е Дамјан Димовски.

Неколку дена подоцна, роденденската прослава ќе продолжи со битолската премиера на „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, во режија на Џон Блондел. Со неа свечено ќе се отвори фестивалот. Директорот Васко Мавровски посочил дека претставата веќе гостувала во Италија, Албанија и Полска, а била изведена и на „Охридско лето“. Сега ќе ја види и публиката на матичната сцена.

Покрај „Кориолан“, фестивалската програма носи уште пет претстави од Италија, Грузија, Ерменија, Романија и Малта. Најавени се и проекција на филм на Блондел посветен на прекините на шекспировските фестивали за време на пандемијата, како и детска театарска работилница што ќе ја води Билјана Крајчевска.

Во театарот паралелно се подготвува и комедијата „Ни треба пејачка“, во режија на Ненад Витанов. Нејзината премиера, според најавата, се очекува на 12 декември.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?