СДСМ бара Савески да ги истражи Мицкоски и Славески за Алта банка

Алта Банка

СДСМ побара од Јавното обвинителство да ги испита сметките, трансакциите и целокупната документација поврзана со влезот на Алта банка во Македонија, како и да ги истражи улогите на премиерот Христијан Мицкоски, гувернерот на Народната банка Трајко Славески и другите инволвирани во постапката.

Во партиското соопштение, опозициската СДСМ повика обвинителството и полицијата да ги обезбедат доказите, да ги испитаат трансакциите и да ги повикаат на разговор лицата поврзани со случајот.

Од СДСМ бараат институциите да ја информираат јавноста за утврдените наоди и истрагата да не биде одложена поради евентуални активности поврзани со продажба на банката.

„Обвинител не смее да чека телефонски повик. Ниту наредба од собраниска говорница или од телевизија“, наведуваат од партијата, оценувајќи дека постапувањето по политички сигнали ја поткопува независноста на правосудството и ја намалува довербата на граѓаните.

СДСМ бара да се испитаат сите аспекти од влезот на Алта банка на македонскиот пазар, вклучително и потеклото на капиталот и одлуките со кои било овозможено нејзиното присуство. Партијата отвора и прашања за наводни разговори и договори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со Мацура, без во соопштението да приложи докази за таквите тврдења.

Од опозициската партија предупредуваат дека евентуалната продажба на банката не смее да послужи за прикривање на неправилности или избегнување одговорност.

СДСМ го повика јавниот обвинител Ненад Савески да отвори истрага за Мицкоски, Славески и сите други лица за кои постојат основи за проверка.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?