По најавите во текот на изминатиот месец дека ЕСМ ќе бара екстремно зголемување на своите услуги со што ќе се зголемеше и цената на струјата по нова година, денес од премиерот Мицкоски друга порака.
Во октомври Мицкоски го вброи ЕСМ меѓу компаниите што бараат корекција на цените. Сега вели дека Владата и ЕСМ подготвиле деловен план со кој компанијата би ја задржала досегашната продажна цена, со цел да оствари добивка до крајот на 2027 година.
Колку ќе плаќаат домаќинствата од 1 јануари ќе зависи и од тарифите за пренос и дистрибуција. МЕПСО побара од Регулаторната комисија за енергетика да ја зголеми тарифата за пренос за 97,68 отсто. Преносот е само една ставка во пресметката, а РКЕ допрва треба да одлучи за новите тарифи.
