Како петок 13-ти стана баксузен ден

На петок, 13 јануари 1882 година, во Њујорк седнале 13 луѓе на вечера. И датумот и бројот на гости биле намерно избрани. Членовите на „Клубот на тринаесетте“ сакале да му пркосат на суеверието што веќе било познато во нивно време.

Точното потекло на верувањето е нејасно. Едно од најчестите објаснувања ги поврзува бројот 13 со Тајната вечера, на која присуствувале Исус и 12-те апостоли, а петокот со распнувањето на Исус. Кога двете верувања се споиле во едно, тешко е да се утврди.

Друга популарна приказна води до 13 октомври 1307 година. Тогаш, во петок, францускиот крал Филип IV наредил апсење на темпларите. Датумот е историски потврден, но поврзувањето на апсењата со суеверието се појавило дури во 20 век, според истражувањето на американската Конгресна библиотека.

За петок 13-ти како баксузен ден се пишувало во американските весници уште кон крајот на 19 век. Романот „Петок, тринаесетти“ од 1907 година го пренел суеверието на Волстрит, а истоимениот хорор од 1980 година го претворил датумот во наслов на цела филмска серија.

Денешниот 13 ноември е третиот петок 13-ти во 2026 година, по оние во февруари и март. Следниот е на 13 август 2027 година.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?