Падна стакло од излог во Битола, две девојчиња пренесени во болница

Две девојчиња се повредени денеска кога падна стакло од излогот на матичната служба во центарот на Битола. Тие минувале покрај објектот, а екипа на Брзата помош ги пренела во Ургентното одделение на битолската Клиничка болница, објавија Тера и „Сакам да кажам“.

Стаклото паднало додека во градот дувал силен јужен ветер. На местото излегла и полицијата. Засега нема информации за тежината на повредите на девојчињата.

Силниот ветер предизвика штети и во други делови на Битола. Во населбата Ремо дрво паднало врз автомобил во движење, а во градскиот парк се искршиле гранки. Според податоците на УХМР што ги пренесе Тера, ветерот во Битола достигнал 54 километри на час, а кај Тополчани 86 километри на час.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?