Бугарскиот атлет Христо Мусков повлече патнички авион „Ербас А320“ цели 20 метри за 23,25 секунди. Со тоа за нешто повеќе од осум секунди го надмина времето запишано во „Гинес“ за оваа дисциплина.
Мусков го изведе потегот на пистата на аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Авионот на „Бугарија ер“ тежел 44.460 килограми, според пилотот Божидар Илиев.
На јавната страница на „Гинес“ засега стои резултатот на Британецот Марк Џинс, кој во 2021 година во Велс повлече авион од истиот модел на 20 метри за 31,30 секунди.
