Светската џез-ѕвезда Michel Camilo со Националниот џез оркестар во Скопје

Michel Camilo

На 18 ноември, Националниот џез оркестар ќе одржи ексклузивен концерт со еден од најзначајните пијанисти и композитори на светската џез-сцена – Michel Camilo (Мишел Камило), добитник на Grammy, три Latin Grammy и Emmy признание.

Michel Camilo ја воодушевува светската публика со својата извонредна пијанистичка виртуозност, препознатливиот музички израз и експлозивната латино-џез енергија. Неговото творештво претставува уникатен спој на џез, класична музика и карипски ритми, а неговата кариера е исполнета со бројни меѓународни признанија, соработки и настапи на најпрестижните светски сцени.

Во Скопје, Camilo ќе настапи со своето трио, составено од неговите долгогодишни музички соработници Ricky Rodriguez (Рики Родригез) на контрабас и Mark Walker (Марк Валкер) на тапани. Диригент на концертот е маестро Џијан Емин.

Овој концерт претставува посебна можност за македонската публика да доживее музичка средба со еден од водечките светски џез-уметници, во програма што ветува виртуозност, динамика, импровизација и препознатлива латино-џез енергија.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?