Трамп може да се сретне и со Ким Џонг Ун во Кина

Трамп

Доналд Трамп изјави дека би можел да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун оваа недела во Кина. Американскиот претседател ја спомена можноста пред да тргне од Белата куќа на турнеја низ Азија. Средбата засега е без официјална потврда.

Трамп пред новинарите рече дека од кинескиот претседател Си Џинпинг зависи дали Ким ќе дојде во Шенжен. Севернокорејската мисија во Обединетите нации засега не одговорила на барањето на Ројтерс за коментар.

За четврток, 19 ноември, Кина потврди средба на Си со Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. Тројцата лидери ќе се сретнат во Шенжен, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).

Ако дојде до средба со Ким, таа би била прва по јуни 2019 година, кога двајцата лидери се сретнаа во демилитаризираната зона меѓу Северна и Јужна Кореја.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?