Брисел го слави европскиот пат на Бугарија и Романија пред 20 години со членство во ЕУ

европски парламент

Бугарија и Романија се подготвуваат да одбележат две децении членство во Европската Унија, а Европскиот парламент денеска им посвети свеченост во Брисел. На настанот беа истакнати промените што членството им ги донесе на двете земји, од економскиот развој до можностите за студирање, работа и слободно патување.

Двете држави влегоа во ЕУ на 1 јануари 2007 година, што значи дека дваесетгодишнината официјално ќе ја одбележат на почетокот на 2027 година.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, порача дека Унијата е посилна со Бугарија и Романија. Таа го истакна нивниот придонес во европските политики и оцени дека нивната трансформација останува пример за земјите што се надеваат на членство.

На свеченоста присуствуваа поранешниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер, европратеници и претставници од двете земји. Меѓу гостите беа и поранешните премиери Симеон Сакскобурготски и Калин Попеску-Таричану, поврзани со процесот на пристапување.

Сакскобурготски ја нагласи важноста на соработката меѓу Софија и Букурешт. Тој потсети дека односите меѓу двете земји не биле секогаш едноставни, но дека постоела волја тие да се променат и заеднички да се работи кон членството.

Договорот за пристапување беше потпишан на 25 април 2005 година во Луксембург. Со неговото стапување во сила, Бугарија и Романија станаа дел од единствениот европски пазар и добија место во институциите што одлучуваат за иднината на Унијата.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?