СДСМ во Штип бара ослободување од ноемвриските сметки за вода

СДСМ Штип

Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Штип поднесе иницијатива за ослободување од плаќање на сметките за вода за ноември 2026 година за домаќинствата и правните субјекти што останаа без вода за пиење повеќе денови поради дефекти и интервенции на водоводната мрежа.

Со иницијативата се бара Општина Штип да обезбеди средства од општинскиот буџет за покривање на ноемвриските сметки на засегнатите корисници, како компензација за прекинот во водоснабдувањето, кој, според подносителите, предизвикал дополнителни трошоци и проблеми во секојдневното функционирање на граѓаните и работењето на правните субјекти.

Советничката група предлага ЈП „Исар“ во рок од пет дена да подготви прецизен список на реоните и улиците што биле погодени од прекинот, како и бројот на засегнатите домаќинства и правни субјекти.

Потоа, општинскиот Сектор за финансиски прашања, во соработка со ЈП „Исар“, треба да ја пресмета вкупната вредност на ослободувањето и да предложи буџетска ставка од која би се обезбедиле средствата. Предлогот е сумата да му се исплати на јавното претпријатие како субвенција од Општина Штип.

Подносителите бараат итно свикување седница на Советот на Општина Штип, на која иницијативата би била ставена на дневен ред.

Иницијативата е потпишана од советниците Галаба Вереса, Трајче Стојчевски, Марија Бикова и Горан Кавраков од советничката група на СДСМ и коалицијата.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?