Претседателот на САД, Доналд Трамп, се придружи на состанокот на европските сојузници на Украина по телефон и остро го доведе во прашање финансирањето на воената помош за Киев, изјавиле за Политико четворица европски претставници запознаени со дискусиите.
Часови по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг во кинескиот град Шенжен, Трамп се јавил во Берлин од претседателскиот авион „Ер Форс Уан“. Тој рекол дека шефот на руската држава има сериозни намери за мировни преговори за Украина.
За време на разговорот, американскиот претседател категорично го изрази својот скептицизам во врска со обезбедувањето милијарди долари нова помош за Киев од земјите во таканаречената Коалиција на волјата.
Еден од учесниците на состанокот прецизираше дека Трамп зборувал општо, нагласувајќи дека многу луѓе умираат во војната и дека земјите треба да престанат да трошат пари за неа.
