Голем пожар во „Техноманија“ во Белград

„Техноманија“

Голем пожар избувна рано утрово во продавницата за техника „Техноманија“ во Нов Белград, спроти трговскиот центар „Делта сити“. Пожарникарите го локализираа огнот. Нема повредени, а причинета е голема материјална штета, соопшти српското Министерство за внатрешни работи.

Пожарот бил пријавен во 5:04 часот. Првите екипи пристигнале за помалку од пет минути, но објектот веќе бил зафатен од пламен. Во гаснењето учествувале 30 пожарникари со 11 возила и цистерна за вода.

Силниот ветер, со брзина од околу 40 километри на час, го отежнувал гаснењето, објави РТС. Полицијата го запрела сообраќајот на дел од улицата „Јуриј Гагарин“, а повеќе линии на јавниот превоз биле пренасочени.

По локализирањето на пожарот во „Техноманија“, екипите останале на терен за целосно да го изгаснат огнот. Причината за пожарот ќе се утврдува со увид.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?