Циклон на Балканот – снег во Словенија, леден дожд во Хрватска и обилни врнежи во Македонија

циклон

Циклон од Средоземјето донесе снег во Словенија и леден дожд со грмежи во делови од Хрватска. Во Србија има предупредување за можна голомразица, а во Бугарија викендов се очекуваат до 20 сантиметри снег. Во Македонија УХМР најавува обилни врнежи до недела и нова снежна покривка на планините.

Во Македонија денеска најобилен дожд се очекува на запад, каде што локално може да наврнат над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. До недела вкупното количество врнежи наместа може да надмине 80 литри на квадратен метар. Со заладувањето викендов, на дел од повисоките места се очекуваат дожд и снег, а на планините само снег. Во некои повисоки делови од Скопската Котлина дождот ќе преминува во снег.

Во Словенија снегот од планинските предели се проширил во поголем дел од земјата, а денеска се очекуваат до 20 сантиметри снег. Во хрватскиот Горски Котар и во заднината на Риека има леден дожд со грмежи, а на северниот Јадран силни поројни врнежи.

Во Србија главните патни правци утрово биле проодни. „Патишта на Србија“ предупредува дека поради ниските температури можна е голомразица, особено на мостовите и на делниците покрај реки, низ котлини и клисури.

Во Бугарија врнежите ќе почнат в петок попладне на југот, а потоа ќе се прошират низ речиси целата земја. Со падот на температурите во сабота попладне, дождот ќе преминува во снег. Според прелиминарната прогноза, снежната покривка локално може да достигне околу 20 сантиметри, особено во северозападните и северните централни делови на земјата.

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Ќе имаме ли пензија од која ќе може пристојно да се живее?